а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

влакно

мн. влакна
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 1704
1. Израсток во форма на тенка нишка на некои делови кај човекот и животните.
Англиски: hair Српски: длака Албански: qime Бугарски: косъм
Примери:
На главата немаше ни влакно коса.
коњско влакно
2. Нишка од која се составени некои растителни или животински клетки.
Англиски: fiber Албански: fije
Примери:
мускулни влакна
конопни влакна
нервни влакна
коренови влакна
3. Тенки израстоци на површината на некои растенија.
Англиски: fiber Албански: fije
Примери:
На листовите и на стебленцето има влакна.
4. Хемиска материја во вид на тенки нишки од која со обработка се добива текстил.
Англиски: fiber Албански: fije
Употреба: Хемија
Примери:
синтетички влакна
Изрази
Бара (наоѓа) влакно во јајцето - ситничав е, бара, наоѓа и најмал повод за приговори, замерки; влегува во најмали ситници, обично со лоша намера.
Без влакна на јазикот е - зборува отворено, смело.
Виси (се држи) на влакно - се наоѓа во многу несигурна положба.
За влакно - за многу малку.
Го гледа како влакно во каша - гледа некого со одвратност, со гнасење.
Му свети влакното - многу добро изгледа.
Му свети влакното - се орасположи.
Влакно од глава нема да му е кусо - наполно е безбеден, заштитен.
Прави од влакно ортома - ги преувеличува работите.
(посл.) Волкот влакното го менува, ама ќудта не ја менува - карактерните особини остануваат секогаш исти.
Изведенки
влакненце ср.
мн. влакненца