а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

висина

мн. висини
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 1700
1. Вертикална димензија, вертикално растојание од подножјето на некое тело до неговиот врв.
Англиски: height Албански: lartësi
2. Вертикално растојание од земјата или од некоја друга хоризонтална површина.
Англиски: level Албански: lartësi, nivel
Примери:
Црквата е ѕидана во висина на земјата.
3. Просторот високо над земјината површина, кон небото.
Англиски: height Албански: lartësi
Примери:
Птицата стаса до една одредена висина, застана за момент, и пак се устреми кон езерската шир.
Авионот се искачи во висините.
4. Возвишено место, височина.
Англиски: height Албански: lartësi
Примери:
Висината на планината импресионираше.
5. Раст, израстеност (на човек, на растение).
Англиски: height Албански: rritë
Примери:
Висината на катетата е 12 см.
6. Степен на квалитет, ниво на развиток, на зрелост.
Англиски: level Албански: nivel
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој секогаш беше на висина на својата задача.
7. Особина на звукот која зависи од бројот на треперењата на изворот во секунда.
Англиски: height Албански: lartësi
Употреба: Музика и танц
Примери:
Во салата одекнаа високите тонови на виолината.
Стиховите се рецитираат со одредена тонска висина.
8. Големина на броен или паричен износ.
Англиски: amount Албански: shumë, vlerë
Употреба: Економија
Примери:
Висината на кредитот зависи од месечните примања на барателот.
Изрази
Надморска висина - висина од нивото на морето до некоја точка на релјефот.
Гледа, зборува од висина - се крева на големо, се прави важен.
Губи висина - наеднаш, нагло паѓа при лет.
Од олимписка висина - надуено.
Изведенки
висински прид.
висинските
Што се однесува на висина.
Пример: висинска разлика