а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

брцне

брцнат; брцни, брцнете; брцнав, брцна; брцнал; брцнат; (ќе) брцнев, (ќе) брцнеа; (ќе) брцнел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 11953
1. Стави, потопи нешто во некоја течност, најчесто вода.
Англиски: dunk Албански: zhyt
Примери:
Тој ја брцна перодршката во мастилницата и започна да го пишува писмото.
2. Вовлече нешто во нешто, рака, нож и сл.
Англиски: stick Албански: ngjit
Примери:
Полека брцна во џебот од елечето и оттаму извади илјада денари.
Брцна нож.
3. (се брцне) се потопи
Англиски: dunk Албански: zhyt
Примери:
Детето се брцна во реката и веднаш излезе.
Изведенки
1. брцнува несв.
брцнуваат
2. брцнување ср.
глаг. им.