а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

брз

брзи
Вид збор: Придавка
Ранг: 1326
1. Што во кусо време поминува поголемо растојание.
Англиски: fast
Примери:
Брзата вода им ги режеше нозете.
Најбрзото дете ќе добие награда.
2. Што се случува, што се прави во кусо време.
Англиски: fast
Примери:
Со чести и брзи напади можеме да победиме.
3. пргав, вешт
Англиски: fast
Примери:
Нејзините брзи прсти ги оформуваа цветовите од хартија.
Тој беше брз во одговорите.
Таа беше брза, и силна.
Изрази
Брза помош - служба за итна медицинска помош.
Брз воз - воз што се движи брзо, не застанува на помалите станици.
Hа брза рака - многу брзо, набрзина.