а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

бран

мн. бранови
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 1205
1. Издигнат дел водена маса што се движи.
Англиски: wave Албански: valë
Примери:
Брановите на езерото можат да достигнат висина од три метри.
2. Секое движење или појава што надоаѓа едноподруго, што личи на бран.
Англиски: movement Албански: valë
Примери:
Бранови зрело жито.
Бран од луѓе се движи по улицата.
Спонтана смеа во бранови ја заплиснува улицата.
Студот навлегува на бранови во одајата.
Нов литерарен бран.
Жесток бран од гнев.
3. Придвижување на маса во некаква средина или физичко поле во одредени интервали.
Англиски: wave Албански: valë, rrymë
Употреба: Физика
Примери:
Радиобранови.
Електромагнетни бранови.
Ударен бран.
Изведенки
бранче ср.
мн. бранчиња
дем.