а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

берат

мн. берати
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 16632
1. Царско писмо, указ, повелба од султан со што се одредува некаква повластеност.
Англиски: edict Турски: berat Албански: urdhër, dekret
Употреба: Административен термин , Историја
Примери:
Кадијата им нареди на сејмените да ги одврзат селаните за да собираат пари, зашто старите берати не важеа веќе.
Македонскиот народ пролеа крв за да добие владички берат.
2. Писмена потврда за дипломатски престој во странство.
Англиски: agreement Албански: pajtim, agreman
Употреба: Дипломатија , Историја
Примери:
Новиот везир не му даде берат и не му дозволи престој.