а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

адаптација

мн. адаптации
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 10938
1. Преуредување, приспособување за определена функција.
Англиски: adaptation Албански: adaptim
Примери:
Зградата претрпе неколку адаптации.
2. Приспособување кон определени животни услови кај живите организми.
Англиски: adaptation Албански: adaptim
Примери:
На рибите им беше потребна адаптација за новиот живот во аквариумот.
Пред да се качат на врвот, планинарите мораа да поминат низ адаптација заради намалената количина на кислород во воздухот.
3. Приспособување на книжевно или музичко дело за изведба во друг медиум.
Англиски: adaptation Албански: adaptim
Примери:
Романот е нова адаптација за изведба на малиот екран.
Изведенки
1. адаптационен прид.
адаптациониот
Пример: Адаптациониот период е различен.
2. адаптациски прид.
адаптацискиот
Пример: Адаптацискиот процес заврши.
3. адаптивен прид.
адаптивниот
Пример: адаптивни мерки