а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

агол

мн. агли
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 889
1. Дел од рамнина ограничен со две полуправи што поаѓаат од иста точка.
Англиски: angle Албански: kënd
Употреба: Математика
Примери:
прав агол, остар агол, тап агол
неправилни агли
2. Место, простор каде што се спојуваат две внатрешни страни на некој предмет, најчесто меѓу два ѕида во некоја просторија.
Англиски: corner Албански: kënd, qosh
Употреба: Архитектура и градба
Примери:
Покажа со поглед кон десниот агол од салата.
Од аглите на собата израснуваа сеништата на приквечерината.
3. аспект, гледиште
Англиски: aspect Албански: vështrim, aspekt
Употреба: Преносно значење
Примери:
Од кој агол гледаш на случајот?