љубов

(едн.) љубовта
Вид збор: Именка, женски род
1. Длабока емотивна наклонетост, силно чувство кон некого.
Англиски: love Албански: dashuri
Примери:
брак од љубов
прва љубов
вистинска љубов
Тој ѝ изјави љубов.
Страда од љубов.
невозвратена љубов
2. Длабока наклонетост, самопожртвуваност и искрена приврзаност кон роднините или кон блиските.
Англиски: affection Албански: dashuri
Примери:
љубов кон родителите
мајчинска љубов
љубов кон брат (сестра)
другарска љубов
3. Постојана, трајна наклонетост кон нешто.
Англиски: love Албански: dashuri
Примери:
љубов кон уметноста
љубов кон науката
љубов кон театарот
љубов кон животните
љубов кон работата
љубов кон татковината
4. Предмет на такво чувство.
Англиски: lover Албански: dashuri
Примери:
Тој е мојата прва љубов.
Таа е љубовта на неговиот живот.
5. Врска меѓу двајца што се сакаат.
Англиски: relationship Албански: dashuri
Примери:
Нивната љубов трае веќе неколку години.
Имаше само убави спомени од таа љубов.
Изрази
Платонска љубов - чисто духовна љубов, без физички контакт, на растојание.
Води љубов - има интимни односи со некого.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи