љуби

љубат
Вид збор: Глагол, несвршен
1. Чувствува љубов, сака некого или нешто.
Англиски: love Албански: dashuroj
Примери:
Три години се љубевме, лоша дума не рековме.
Истовремено ја љубеше и ја мразеше.
Прв пат вистински љубеше.
2. Бакнува некого.
Англиски: kiss Српски: љуби Албански: puth
Примери:
Страсно ги љубеше неговите усни.
3. (се љуби) Чувствуваат заемна љубов, се сакаат.
Англиски: love Албански: dashuroj
Примери:
Силно се љубеа, но судбината ги раздели.
4. (се љуби) Се бакнува со некого.
Англиски: kiss Албански: puthet
Примери:
Се љубеа од утро до мрак, од самрак до зори.
Изведенки
љубење ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи