а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

јунак

мн. јунаци
Вид збор: Именка, машки род
1. Тој што е храбар, смел.
Англиски: hero Албански: trim, hero
Примери:
Јунаците загинаа за својот народ.
бестрашен јунак
2. Носител на дејството, лик во литературно дело.
Англиски: hero Албански: trim, hero
Употреба: Уметност
Примери:
главен јунак
епски јунаци
3. млад човек
Англиски: lad Албански: trim, çun
Употреба: Разговорно
Примери:
Меѓу жените и мажите претрчуваа млади јунаци.
4. син, внук
Англиски: hero Албански: trim, bir
Употреба: Разговорно
Примери:
Како ти се јунаците?
Спиеше јунакот мој.
Изрази
Јунак над јунаци - голем јунак.
Јунак на зборови.
Јунак на јазик - тој што само се фали, а ништо не прави.
Изведенки
1. јуначе ср.
мн. јуначиња
хип.
2. јуначиште ср.
мн. јуначишта
аугм.
3. јуначки прид.
јуначкиот
Пример: јуначки подвиг
4. јуначки прил.
Пример: Јуначки се бореше.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи