а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

јајце

мн. јајца
Вид збор: Именка, среден род
1. Женска полова клетка, од која по оплодувањето се развива нов организам.
Англиски: ovum Албански: vezë
Употреба: Анатомија
Примери:
Јајчниците содржат ограничен број јајца.
2. Расплодна клетка кај птиците, влекачите и водоземците, со големи димензии, со овална форма и цврста лушпа.
Англиски: egg Албански: vezë
Употреба: Зоологија
Примери:
Несе јајца.
кокошкино јајце
змиско јајце
3. Кај инсектите и рибите, полова клетка во вид на зрно со различни димензии.
Англиски: egg Албански: vezë
Употреба: Зоологија
Примери:
рибини јајца
мравји јајца
4. Обично од кокошка, како храна.
Англиски: egg Албански: vezë
Употреба: Гастрономија
Примери:
варено јајце
јајце на око
изматено јајце
5. Предмет со овална форма.
Англиски: egg Албански: vezë
Употреба: Преносно значење
Примери:
чоколадно јајце
дрвено јајце
6. тестис
Англиски: testicle Албански: koqe
Употреба: Анатомија , Разговорно
Изрази
Во јајцето влакно бара - ситничар е.
Гази како на јајца - оди внимателно, на прсти.
Гајгурови јајца ќе добие - ништо нема да добие.
(ирон.) Големи јајца - нешто безначајно.
Го чува како велигденско/црвено јајце - многу се грижи за некого.
И јајце ќе снесе - ќе направи сѐ за да ја постигне целта.
Квачи јајца - ништо не работи.
(книж.) Колумбово јајце - смело, остроумно решение на тежок проблем.
Кукавичино јајце - туѓ проблем наметнат некому.
Му дојде јајцето на газот - крајно време е некој да направи нешто.
На јајцето уште коко му вика - уште е млад и неискусен.
Си личат како јајце на јајце - многу се слични.
Удри јајца на масло - почна да троши многу.
Изведенки
јајценце ср.
мн. јајценца
дем.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи