а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

јама

мн. јами
Вид збор: Именка, женски род
1. Длабока дупка ископана во земја.
Англиски: ditch Албански: gropë
Употреба: Геологија
Примери:
Тој се криеше во јамата.
2. Рударско окно.
Англиски: mine Албански: minierë
Примери:
Ги уништија рудничките постројки и јами.
Рударите од попладневната смена влегоа во јамата.
Изрази
(посл.) Кој на друг му копа јама, сам паѓа во неа.
Му копа јама - му готви нешто лошо.
Септичка јама - голема дупка во која се собира гнилеж и служи наместо канализација.
Изведенки
1. јамиче ср.
мн. јамичиња
2. јамичка ж.
мн. јамички
дем.
3. јамиште ср.
мн. јамишта
аугм.
4. јамски прид.
јамскиот
Што се однесува на рударска јама.
Пример: Јамски работник.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи