а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

јак

јаки
Вид збор: Придавка
1. Што има голема сила и енергија, силен, добро развиен.
Англиски: strong Албански: i fortë, i fuqishëm
Примери:
Јаки и длабоки корени.
Тој е многу јак.
2. Што е траен, издржлив, цврст.
Англиски: tough Албански: i fuqishëm, rezistues
Примери:
јако платно
јаки јажиња
3. Што е добро вооружен, тешко совладлив.
Англиски: strong Албански: i fortë
Примери:
јака армија
јако утврдување
4. Што е духовно силен, цврст, непоколеблив.
Англиски: strong Албански: i fortë, i vendosur
Примери:
Јак е тој, ќе издржи.
5. Што има голема моќ, власт, авторитет, што има влијание врз случувањата од разни сфери на животот.
Англиски: strong Албански: i fuqishëm, i pushtetshëm
Примери:
јака компанија
јака фирма
јак издавач
6. значаен, релевантен
Англиски: important Албански: i fortë, i rëndësishëm
Примери:
јаки докази
7. Што има голема сила, јачина.
Англиски: powerfull Албански: i fortë, i fuqishëm
Примери:
јак мотор
8. Што содржи голем процент од нешто, што дејствува силно.
Англиски: strong Албански: i fortë, i fuqishëm
Примери:
јака ракија
јаки цигари
јак отров
9. Што е остар, продорен.
Англиски: intense Албански: i fuqishëm, penetrues
Примери:
јаки бои
јак мирис
10. Што е силен по начинот на кој се пројавува, по интензитетот.
Англиски: strong Албански: i fortë, i fuqishëm
Примери:
јака настинка
FlexiMac
 менување на македонски глаголи