а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

јаз

мн. јазови
Вид збор: Именка, машки род
1. Бразда, жлеб, доводен или одводен канал за вода.
Англиски: ditch Албански: jaz, vijë uji, vadë
Употреба: Земјоделство
Примери:
Ја крадеа водата кришум едни од други со длабоки јазови.
2. Препрека, нешто што ја попречува комуникацијата меѓу две страни.
Англиски: rift Албански: jaz, penges
Употреба: Преносно значење
Примери:
Инцидентот го продлабочи јазот меѓу двете страни.
Меѓу нив се создаде непремостлив јаз.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи