а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

јазол

мн. јазли
Вид збор: Именка, машки род
1. Тоа што се добива кога ќе се заврзе или ќе се сплетка јаже, конец, жица и сл.
Англиски: knot Албански: nyje
Примери:
Конецот се врза во јазол.
Троен морнарски јазол.
Двоен рибарски јазол.
2. Место каде што се вкрстуваат повеќе сообраќајници или се преплетуваат разни линии, делови од сложени градби и системи.
Англиски: node Албански: nyjë
Примери:
железнички јазол
сообраќаен јазол
санитарен јазол
3. Задебелување на некој орган формирано од натрупување на одреден тип клетки.
Англиски: node Албански: nyjë
Употреба: Анатомија
Примери:
лимфни јазли
нервен јазол
туберкулозни јазли
Изрази
Гордиев јазол - многу сложен, тешко решлив проблем.
Изведенки
1. јазле ср.
мн. јазлиња
дем.
2. јазленце ср.
мн. јазленца
дем.
3. јазолче ср.
мн. јазолчиња
дем.
Пример: јазолче на дојката или градите
4. јазлиште ср.
мн. јазлишта
аугм.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи