а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

јавне

јавнат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Се качи, седне на грбот на животно.
Англиски: ride Албански: i hyp
Примери:
Го јавна магарето.
Доаѓаше јавнат на коњ.
2. Се качи, седне, застане на нешто друго.
Англиски: ride Албански: hypë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Уште не го јавнал тронот.
Го јавна моторот.
Ќе го јавнам возот и доаѓам.
3. Притисне, предизвика мака.
Англиски: torment Албански: i hyp, i varret
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ме јавнала треска.
Го јавнале лоши соништа.
4. Потчини некого.
Англиски: suppress Албански: shtyp, nënshtron
Употреба: Преносно значење
Примери:
Меки бевме, затоа нѐ јавнаа.
Изрази
А јавни, а бодни - за некој што е многу нестрплив, што непотребно избрзува.
Изведенки
1. јавнува несв.
јавнуваат
2. јавнување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи