а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

јавен

јавни
Вид збор: Придавка
1. Што не е таен; отворен за сите што се заинтересирани.
Англиски: open Албански: i hapur
Примери:
јавна расправа
јавна дискусија
јавен конкурс
2. Што се однесува, што и припаѓа на целата општествена заедница.
Англиски: public Албански: publik
Примери:
јавен објект
јавен ред и мир
јавна безбедност
јавен работник
јавна сопственост
Изрази
Јавна куќа - објект во кој легално работат проститутки; бордел.
Јавна тајна - нешто што сите го знаат, но никој не зборува за тоа отворено.
Јавно претпријатие – претпријатие што врши дејност од јавен интерес (железница, воздушен сообраќај, медиуми и сл.)
Јавно мислење - став на јавноста, на заедницата.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи