а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

јава

јаваат
Вид збор: Глагол, несвршен
1. Се движи качен на животно (коњ, магаре и сл.)
Англиски: ride Албански: ngas
Примери:
Продолжија да јаваат понатаму.
Јаваа на арапски коњи.
Само тој може да го јава овој коњ.
2. Угнетува, искористува, држи некого во потчинета положба.
Англиски: suppress Албански: shtyp, shuaj
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
Не давам да ме јаваат.
Hего сите го јаваат.
Изрази
Магаре јавај - магаре барај - не гледа нешто што е очигледно; бара нешто што е кај него.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи