ѕуни

ѕунат
Вид збор: Глагол, несвршен
1. Издава висок продолжен звук на метал или на стакло и сл.; сп. ѕвони.
Англиски: ring Албански: tingëllon
Примери:
Ѕунат црковните камбани.
Ѕуни стаклото од малото прозорче.
Ѕунат празните чаши.
2. Се огласува со звук што потсетува на ѕвон, на ѕвонење.
Англиски: sound Албански: tinguj
Примери:
Ѕуни песната на штурецот.
Ѕунат гласови на весели дечиња.
3. Се причинува некому дека одново слуша нешто; одѕвонува, одекнува.
Англиски: echo Албански: jehonë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Родителските совети им ѕунеа на децата во главата.
Таа мелодија му ѕуни во ушите.
Тивко ѕунат чекорите во ноќта.
Изведенки
ѕунење ср.

глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи