ѕенѕа

ѕенѕаат
Вид збор: Глагол, несвршен
1. Доведе некого или нешто во зачестени ритмички, кратки движења напред-назад, горе-долу, од една на друга страна.
Англиски: swing Албански: vërtit
Примери:
Мајката непрекинато го ѕенѕаше детето в раце.
2. (се ѕенѕа) Се клацка, се ниша (при движење, одење, возење).
Англиски: rock Албански: tundem
Примери:
Пејачката се ѕенѕаше на сцената.
Детето весело се ѕенѕаше на вратата.
Сè се ѕенѕаше во автобусот од раскопаниот пат.
3. Работи полека, пипаво.
Англиски: saunter Албански: punon ngadalë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ајде побрзај, не ѕенѕај!
Изведенки
ѕенѕање ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи