ѕемне

ѕемнат
Вид збор: Глагол, несвршен
1. Мрзне, се смрзнува од студ.
Англиски: quiver Албански: ftohet, ngrij
Примери:
Старицата ѕемнеше во студената соба.
Граничарите ѕемнат од големиот студ.
2. Ми (ти, му ...) мрзне.
Англиски: freeze Албански: ngrij
Примери:
На стражарот нозете му ѕемнат, чекајќи ја својата смена.
На пазар, рацете на продавачите им ѕемнеа од студеното време.
Изрази
Срцето (душата) ми (ти, му ... ) ѕемне - чувствува неизвесност, страв, немир.
Изведенки
ѕемнење ср.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи