ѕвонче

мн. ѕвончиња
Вид збор: Именка, среден род
1. ѕвоно, ѕвонец
Англиски: bell Албански: zile
Употреба: Деминутив
Примери:
Се чу ѕвончето на влезната врата.
Се слуша ѕвонење на старо рачно училишно ѕвонче.
Запре пајтон со јаки коњи што имаа бакарни ѕвончиња на челата.
Будилник со две ѕвончиња.
2. Електрична или механичка направа за ѕвонење.
Англиски: bell Албански: zile
Употреба: Технологија
Примери:
Ѕвончето ѕвони, некој е пред врата.
Ѕвонче на велосипедот.
3. Растение со ретки листови и синовиолетови цветови во форма на ѕвоно што се групираат во грозд на врвот од стеблото
Латински: Campanulaceae Англиски: bellflower Албански: lule kumbone
Употреба: Ботаника
Примери:
Во китката имаше едно ѕвонче, топчесто со ливчиња во сина боја.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи