ѕвоно

мн. ѕвона
Вид збор: Именка, среден род
1. Метална направа во вид на чашка со јазиче, кое, удирајќи во чашката, предизвикува ѕвонење; ѕвонец.
Англиски: bell Албански: zile
Примери:
Во рамнината не се слушаше ѕвоно од добиток.
Далечните ѕвона ритмички ѕвонеа.
Заѕвони ѕвоното што го огласи крајот на часот.
2. камбана
Англиски: bell Албански: kambanë
Употреба: Црковен термин
Примери:
Некоја набожна рака го заниша црковното ѕвоно.
3. Предмет со ѕвончеста форма, поставен со отворот надолу, што служи за заштита на храна и др. од надворешни влијанија.
Англиски: bell Албански: zile, kumbonë
Примери:
Тој го поткрена стакленото ѕвоно за да пресече парче сирење.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи