ѕвер

мн. ѕверови
Вид збор: Именка, машки род
1. големо, диво, крвожедно животно
Англиски: beast Албански: bishë, egërsi
Употреба: Зоологија
Примери:
Рикна ранет ѕвер.
Нема никаква трага од ѕвер.
Два ѕвера се грабаат за пленот.
Луѓето тргнаа во лов на диви ѕверови.
Убавицата и ѕверот.
2. бездушен, зол човек
Англиски: monster Албански: njeri i keq, i pashpirt
Употреба: Преносно значење
Примери:
Понекогаш, човекот станува див ѕвер.
Бездушен, несовесен ѕверу!
Синот и го заклаа ѕверовите во војната.
Изведенки
1. ѕверче ср.
мн. ѕверчиња
дем.
2. ѕвериште ср.
мн. ѕверишта
аугм.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи