ѕверка

мн. ѕверки
Вид збор: Именка, женски род
1. Женски ѕвер.
Англиски: animal Албански: bishë
Примери:
Никаква трага немаше, ни од човек, ни од ѕверка.
Зимувањето во земјанка го принудува човекот многу нешто да научи од ѕверките.
2. Тој што е на висока положба, што има висока функција, влијателен човек.
Англиски: boss Албански: njeri i madh, bos
Употреба: Иронично , Преносно значење , Разговорно
Примери:
Голема ѕверка.
Не сум јас никаква ѕверка, јас сум курир.
Тој се претставил како некоја важна ѕверка.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи