ѕвезден

ѕвездени
Вид збор: Придавка
1. Што е со ѕвезди, што е исполнет со ѕвезди.
Примери:
ѕвездена вечер
ѕвездена галаксија
ѕвездено небо
ѕвездени ноќи
2. Што се однесува на ѕвезда, што припаѓа на ѕвезда.
Примери:
ѕвездена прашина
ѕвезден сјај
ѕвезден трепет
3. среќен, успешен
Примери:
Тој на оперската сцена ги доживуваше своите ѕвездени мигови.
Изрази
Ѕвезден миг - највисока точка на успехот, на славата.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи