ѕвезда

мн. ѕвезди
Вид збор: Именка, женски род
1. Светло небесно тело што испушта сопствена светлина.
Англиски: star Албански: yll
Употреба: Астрономија
Примери:
Сонцето е ѕвезда.
2. Секое небесно тело што ноќе се гледа како светла трепкава точка.
Англиски: star Албански: yll
Употреба: Астрономија , Разговорно
Примери:
ѕвезда Деница, ѕвезда Вечерница
Темно небо начичкано со ѕвезди.
безброј ѕвезди, далечни ѕвезди
Ситни ѕвезди трепкаат во ноќта.
3. Предмет или знак со форма на такво тело, симбол во форма на ѕвезда.
Англиски: star Албански: yll
Примери:
Го сопре погледот врз ѕвезда петокрака.
Полковник со златни ширити и златни ѕвезди на ракавите.
Орден со златна ѕвезда.
4. Лице што има голема слава во светот на уметноста, естрадата, филмот, спортот и сл.
Англиски: star Албански: yll
Употреба: Преносно значење
Примери:
филмска ѕвезда
Нова ѕвезда во фудбалот.
Ѕвезда на естрадата.
Изрази
Има ѕвезда / со (мила) ѕвезда е - ѕвездаллија.
Со ѕвезда е на чело / роден е под среќна ѕвезда - има голема среќа, среќен е во животот.
Ѕвезда водилка (патоводна, патоводилка) - она што насочува, што определува нечиј живот. нечија дејност.
Симнува ѕвезди од небо - ветува нешто неостварливо.
Ѕвезди му излегоа од очите / ѕвезди му светнаа пред очи - многу се изнамачи.
Ѕвезди му излегоа од очите - од удар и сл. му се појавија светли точки пред очите.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи