ѓеврек

мн. ѓевреци
Вид збор: Именка, машки род
Вид печиво со прстенеста форма, посипано со сусам.
Англиски: bagel Турски: gevrek Албански: gjevrek
Употреба: Гастрономија
Примери:
Во десната рака носеше кошница со гурабии, симиди и ѓевреци.
Изрази
Не ја дава ни дупката од ѓеврекот - не дава ништо.
Изведенки
ѓеврече ср.
мн. ѓевречиња
дем.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи