ѓавол

мн. ѓаволи
Вид збор: Именка, машки род
1. Натприродно суштество кое обично живее во пеколот, замислено како олицетворение на зло; зол дух.
Англиски: devil Албански: djall
Употреба: Религија
Примери:
На секоја лејка живееше по еден ѓавол.
Ѓаволот е оној што им ги носи во приказната сите несреќи на луѓето.
2. Злобен, лош човек.
Англиски: devil Албански: dreq
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
Не фаќај работа со тој ѓавол.
3. Итар, немирен, палав човек.
Англиски: devil Албански: djall
Употреба: Преносно значење
Примери:
ѓавол жена
Тој е голем ѓавол.
Изрази
Жив ѓавол - палав, немирен; шегаџија.
Тука (се крие) ѓаволот - тука, во тоа е тешкотијата.
Пукна ѓаволот - тргна работата, тргна кон подобро.
Ѓавол да го носи (земе) - обично во лутина, за изразување незадоволство.
По ѓаволите! - извик на негодување.
Ѓаволот ни ора, ни копа - злото, несреќата може да се случи во секој момент.
Изведенки
ѓаволче ср.
мн. ѓаволчиња
дем.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи