а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

шума

мн. шуми
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 521
1. Лисје на широколисни дрвја.
Англиски: foliage
Употреба: Ботаника
Примери:
(нар. поез.) Во зелена шума ти увиј се.
Тие колје се фатиле и пуштиле шума.
2. гора
Англиски: forest Албански: pyll
Употреба: Ботаника
Примери:
борова, букова, дабова шума
густа, ретка шума
3. Исечени гранки со лисја, што се сушат и служат како зимна храна за добиток.
Англиски: fodder
Употреба: Земјоделство
Примери:
Насече шума за добиток.
(посл.) Шума, волна, дупка полна - не е важно што се јаде, важно стомакот да е полн.
4. Сушени лисја и стебла од пченка.
Англиски: brushwood
Изрази
(разг.) Ја фати шумата.
Изведенки
шумичка ж.
мн. шумички