а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

штеди

штедат; штедел
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 6740
1. Здржано троши или не троши, чува нешто; за пари: остава настрана, собира.
Англиски: save Албански: kursej
Употреба: Економија
Примери:
Штедете ги дрвата зашто нема доволно.
Штеди пари.
Штеди за старост.
2. Здржано троши, вложува сила, труд, време и сл.
Англиски: save Албански: kursej
Примери:
Си ги штеди своите сили.
Не штеди труд.
Штеди време.
3. Внимателен е, има обѕири спрема некого.
Англиски: consider Албански: konsideroj, kursej
Примери:
Тој човек треба да се штеди.
Таа не штеди никого.
4. чува
Англиски: protect Албански: ruaj
Примери:
Си го штеди здравјето.
Си ги штеди очите.
5. (се штеди) Внимателен е спрема себеси.
Англиски: protect Албански: ruhem, kursehem
Примери:
Ти многу се штедиш.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК