а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

ширина

мн. ширини
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 4492
1. Помалиот, напречниот размер на нешто.
Англиски: width Албански: gjërësi
Примери:
Ширина на улицата.
Во должина и во ширина.
2. Ширина на облека, сад и сл.
Англиски: breadth Албански: gjërësi
3. Пространо, отворено место.
Англиски: vastness Албански: hapsirë
Примери:
Непрегледна ширина.
Децата играа на една ширина.
4. Најкраткото растојание на дадена точка на земјината површина до екваторот, изразено во степени.
Англиски: latitude Албански: gjërësi
Употреба: Географија
Примери:
Географска ширина.
Северна, јужна ширина.
5. (само едн.) Широк опфат, замав.
Англиски: width Албански: horizont, gjërësi
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ширина на поим.
Ширина на погледи, на сфаќања и сл.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи