а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

шарен

шарени
Вид збор: Придавка
Ранг: 1463
1. Што има шарки на себе или различни бои.
Англиски: decorated, colourful Албански: i larëm
Примери:
Шарена џамија.
Шарено јајце.
Шарен килим.
Шарена одаја.
2. Со различен состав, смешан, мешан.
Англиски: mixed Албански: laraman, i përzier
Употреба: Разговорно
Примери:
Шарена група (мешана група).
Шарено оро (мешано оро, составено од жени и мажи, од млади и стари).
3. За жена или маж - што е со лесно поведение, со лесен морал.
Англиски: tramp Албански: laraman
Употреба: Преносно значење
Примери:
Шарена жена.
4. разнобоен
Англиски: multicolored Албански: shumëngjyrësh
Употреба: Ботаника
Примери:
Шарен грав - грав со разнобојни зрна (Phaseolus cocoineus).
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК