а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

чуе

чујат; чуј, чујте; чув, чу, чуја; чул, чуеш, чувме; (ќе) чуев, (ќе) чуеја; (ќе) чуел; чуен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 371
1. Со слух прими звуци.
Англиски: hear Албански: dëgjoj
Примери:
Ја чу ли трубата?
Се чу пукот.
Не сакам ни гласот да му го чујам.
2. Со слушање узнае.
Англиски: learn Албански: dëgjoj, kuptoj
Примери:
Чув дека си тука. Ја кажи, да чујам.
За тоа не сака ни да чуе.
Се чу дека загинал, но тоа не било вистина.
3. (како изв.) чуја! За одѕив на викање.
Англиски: hear Албански: dëgjo
Употреба: Разговорно
4. (се чуе) Се долови со слухот.
Англиски: hear
Употреба: Безлично
Примери:
Во далечината се чу коњски топот.
5. (се чуе) Се рашири вест.
Употреба: Безлично
Примери:
Се чу дека ја омажиле ќерката.
6. (се чуе) еден со друг.
Примери:
Марика се чу со Миле по телефон.
Изрази
Видов - не видов, чув - не чув - кога некој се прави дека не знае што се случува.
Да не чуе ѓаволот - желба да не се случи зло, несреќа.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК