а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

чувствува

чувствуваат; чувствувам, чувствував, чувствуваш, чувствуваше; чувствувал
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 162
1. Испитува, доживува некакво чувство.
Англиски: feel Албански: ndjenë
Примери:
Чувствува радост, мака, жал, омраза и сл.
2. Сеќава, има некаков усет примен со сетилата.
Англиски: sense Албански: sens, ndjenjë
Примери:
Чувствува физичка болка, глад, премореност и сл.
Чувствува мирис.
Тој чувствуваше дека му лази нешто топло по грбот.
3. Сознава, станува свесен за нешто.
Англиски: realize Албански: ndjenë
Примери:
Тој чувствуваше дека не ќе може да издржи до крај.
4. насетува
Англиски: foresee Албански: parandjenë, parashikon
Примери:
Чувствував дека стоиш зад мене.
Зар не чувствуваш дека ќе се случи нешто лошо?
5. (се чувствува) Има чувство за нешто.
Англиски: feel Албански: ndjehem
Примери:
Како се чувствуваш?
Се чувствува болен, здрав, способен, среќен итн.