а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

човек

мн. луѓе
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 63
1. (општо) Како одделно и особено суштество меѓу другите суштества.
Англиски: human Српски: човек Албански: njeri Бугарски: човек Грчки: άνθρωπος
Примери:
потеклото на човекот
Човекот не е машина, туку разумно суштество.
човек и волк
2. Како одделно лице, како некој.
Англиски: person Албански: individ
Примери:
Колку луѓе ти требаат за утре?
умен, разбран човек
сила човек, прекрасен човек, чуден човек
чесен човек, прокопсан човек, песосан човек
мирен човек, тивок човек
градски човек, селски човек
3. Означува лице за кое се карактеристични особините изразени со другата именка - може и со предлогот „од“.
Англиски: personality Албански: personalitet
Примери:
човек на уметноста
човек на перо
човек од дело
4. Може и со посвојна заменка или придавка - означува лице што е во блиски врски со друго означено лице, или под негово влијание, на негова страна, негов приврзаник.
Англиски: supporter Албански: perkrahës
Примери:
човек на полицијата (полициски човек)
човек на директорот
Тој е наш човек.
(Некој) ѕид да ти падне од куќата, човек ќе ти умре.
Има човек во куќава.
5. Лице со позитивни морални особини.
Англиски: man Албански: njeri
Примери:
Тој не е човек.
Бара човек.
Кој те смета тебе за човек!
6. возрасен маж
Англиски: male Албански: burrë
Примери:
Те бара еден човек.
еден човек и една жена
еден човек и две деца
7. (само членувано) Фамилијарно, за израз на определен однос кон определено лице.
Англиски: man Албански: njeri
Примери:
Во право си вели човекот, нема друг излез.
Се истепа човекот дури те најде.
8. некојси, еден човек
Англиски: somebody
Употреба: Безлично
Примери:
Човек би рекол.
Треба човек да се бори во животот.
Тоа ти е да пукне човек од смеа.
Изрази
(разг.) Стане човек - почне да води добар, чесен, уреден живот.
(разг.) Стане човек - успее, се издигне во животот.
Големите луѓе - важните личности.
Малиот човек - обичниот граѓанин.
Обичен човек - просечен граѓанин.
(разг.) Човек на место - вистински човек.
(разг.) Душа човек - многу добар човек.
(разг.) Божји човек - кроток, смирен човек.
(разг.) Човече божји (посебен обрат).
Жив човек - жива душа.
Педа човек - џуџе.
Половина човек - џуџе.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК