а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

чита

читаат; читам, читаме; читај, читајте; читав; читан
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 399
1. (без предмет) Знае да користи напишан текст.
Англиски: read Албански: lexoj
Примери:
Тој знае да чита и да пишува.
Многу читав денеска.
2. (преод.) Чита книга, писмо, роман итн.
Англиски: read Албански: lexoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Го чита Балзака.
Чита предавање, извештај, лекции.
3. За чувства, мисли, намери - погодува, разбира, одгатнува.
Англиски: guess Албански: lexon
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ти ги читам мислите.
Му чита на некого од.
Чита меѓу редови.
4. (за ноти) Чита ноти - ги познава нотите, може да ги испее или да ги отсвири.
Англиски: read Албански: lexoj
Употреба: Музика и танц
Изрази
Чита на некого лекција, молитва, евангелие, буквица - поучува, укорува некого.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК