а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

чист

чисти
Вид збор: Придавка
Ранг: 515
1. Што не е валкан; што не е загаден.
Англиски: clean Албански: i pastër, i dlirë
Примери:
чисти алишта
чиста чинија
чисти раце
чиста куќа
чист извор
чист воздух
чиста крпа
2. Што се носи чисто или ја сака чистотата и држи чисто.
Англиски: clean Албански: i pastër
Примери:
чиста жена
3. Што е без други примеси.
Англиски: pure Албански: i pastër
Примери:
чисто злато, чисто сребро
Чисто (пченично) брашно.
(за животни) чиста раса
(за науката и одделни нејзини гранки) чиста наука, чиста филозофија, чиста математика
(за народност на човек) чист Македонец, чист Индијанец, чист Албанец
4. Без примеси што го менуваат или го расипуваат изгдедот.
Англиски: clear Албански: i pastër
Примери:
Чисто (јасно) небо.
Чисто лице, чист тен на лицето.
5. (за глас, звук) - јасен, звучен, што звучи јасно
Англиски: clear Албански: i pastër
Примери:
Чист и мелодичен глас.
Овој клавир нема чист звук.
6. За јазик, изговор, музички тон - точен, правилен, без грешки.
Англиски: clean Албански: i pastër
Примери:
На чист литературен јазик.
На чист македонски јазик.
Повтори, последниот тон не ти беше чист.
Тој има чист француски изговор.
7. Што е во ред.
Англиски: clean Албански: i pastër
Примери:
чиста работа
чиста сметка
8. Чисто нешто - работа.
Англиски: clean Албански: e pastër
Примери:
Работата не ти е чиста.
Тоа не е чиста работа, тоа не се чисти работи.
Сметките не ти се чисти.
9. (за добивка, загуба) - што останува откако ќе се одбијат расходите односно приходите.
Англиски: net Албански: i pastër
Примери:
чиста печалба
чист приход
чиста загуба
чиста штета
10. Во морален поглед - што е без гревови, без грешки, пороци и сл.
Англиски: clean Албански: i pastër
Употреба: Преносно значење
Примери:
Чиста ми е совеста.
Човек со чисто срце.
чиста девица
Тој излезе чист од борбата.
11. вистински
Англиски: clear Албански: i vërtetë
Употреба: Преносно значење
Примери:
чиста љубов
чиста клевета, чиста лага
чист случај
Изрази
(црков.) Чисти понеделник - првиот понеделник на велигденските пости.
Чиста сметка, долга љубов.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК