а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

чисти

чистат; чистел; чистен
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 3868
1. Отстранува нечистотија од нешто, прави да биде нешто чисто.
Англиски: clean Албански: pastroj
Примери:
Чисти куќа, улица, алишта, чевли, заби итн.
2. Го отстранува непотребното, туѓото, штетното од нешто.
Англиски: remove Албански: largoj, pastroj
Примери:
Чисти дрво од гасеници.
Чисти оџак.
3. премавнува, ослободува
Англиски: free Албански: pastroj, liroj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Чисти земја (држава) од крадци.
4. (се чисти) Отстранува од себе нечистотија.
Англиски: clean Албански: pastroj
Примери:
Цели два часа се чистев, толку што се бев извалкал.
5. (се чисти) Станува јасен, се разјаснува.
Англиски: clear Албански: qartësoj, kthjelloj
Примери:
Небото се чисти.
Времето се чисти.
Гласот ми се чисти.
6. Се истава, си оди, напушта определено место.
Англиски: disappear Албански: ikë, zhdukem
Употреба: Преносно значење
Примери:
Чисти се!
Изгледа дека јас морам да се чистам одовде.
Нека се чистат туѓинците од нашава земја.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи