а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

чекор

мн. чекори
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 343
1. Движење на нозете при одење.
Англиски: step Албански: hap
Примери:
Со брз чекор, со брзи чекори.
Мал чекор за еден човек, голем чекор за човештвото.
Оди со жив чекор.
Оди во чекор со некого.
Првите чекори за (кон) нешто.
Првите чекори во животот.
2. Растојанието меѓу стапалата при тоа движење.
Англиски: step Албански: hap
Примери:
Неколку чекори од нас.
Два чекора понатаму.
3. дејствие, постапка
Англиски: step Албански: hap
Употреба: Преносно значење
Примери:
Дипломатски чекор.
Изрази
На секој чекор - многу често, насекаде.
(разг.) Чекор по чекор - едно по друго, постепено.
(разг.) Чекор напред - постигање во нешто, напредок.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК