а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

црвен

црвени
Вид збор: Придавка
Ранг: 524
1. Што има нијанса на една од основните бои на спектарот, што има боја на крв.
Англиски: red
Примери:
црвен молив, црвено мастило
црвено знаме, црвената армија
црвен восок, црвен крст
црвен пипер
Црвен ветер (болест Erysipelas).
2. Што има боја блиска до бојата на крвта, румен.
Англиски: reddish
Примери:
Девојката е бела и црвена.
(разг.) Црвен како крв, рак, јаболко.
3. Што се раководи од идеите на комунизмот.
Англиски: communist
Употреба: Политика , Преносно значење
Примери:
Црвена република.
Црвените чети.
4. Како составен дел на некои ботанички и зоолошки називи.
Англиски: red
Примери:
Црвен багрем (Robinia hispida)
Црвена боровинка (Accinium myrtillus)
Црвена врба (Salih purpurea).
Црвен кантарион (Centaurium umbellatum).
Црвена клека (Junіperus oxycedrus).
Црвен глог (Crataegus monogyna).
Црвени корали.
Црвена ракита (црвена врба).
Изрази
(посл.) Црвена аспра не гине, не загинува.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК