а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

цицка

мн. цицки
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 5389
1. женска града
Англиски: breast Германски: Zitze Албански: sisë, gji
Употреба: Анатомија , Разговорно
Примери:
Го доеше детето, при што чувствуваше големи болки во цицките.
Уште е на цицка.
Плаче детето, дај му цицка.
2. града на маж
Англиски: breast Албански: gjoks
Употреба: Анатомија , Разговорно
Примери:
Момчето имаше белег под десната цицка.
3. кај женски животни
Англиски: teat Албански: thimthë, sisë
Употреба: Анатомија
Примери:
Кученцето фати да цица де од една, де од друга цицка.
4. млеко, дојка
Англиски: breast Албански: sisë, gji
Употреба: Преносно значење
Примери:
Мајчината цицка ја проколнуваше во тој момент.
5. болест дизентерија, срчка, срдешница
Англиски: dysentery Албански: dizenteri
Употреба: Медицина , Разговорно
Примери:
(клетва) Цицка те изела!
6. лековита билка
Латински: Sedum Англиски: prickmadam Албански: sedum, bimë mjekuese
Употреба: Ботаника
FlexiMac
 менување на македонски глаголи