а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

цицалче

мн. цицалчиња
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 19536
1. Дете што уште се дои.
Англиски: infant Албански: foshnjë
Употреба: Медицина
Примери:
Жената имаше две деца: едно седумгодишно и едно уште цицалче.
2. Животно што се храни уште на цица.
Англиски: suckling Албански: këlysh mëndak
Употреба: Зоологија
Примери:
Јагне цицалче.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК