а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

центрира

центрираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Ранг: 43474
1. Постави, поставува на една заедничка оска центрите на некое тело; приведе, приведува делови од нешто во правилна положба, во правилен однос кон други делови.
Англиски: balancing Албански: centroj, balancoj
Примери:
Сега веќе ги центрираше инструментите.
Го однесов велосипедот да ми го центрираат предното тркало.
2. Нафрли, нафрлува топка од крило во средината на игралиштето, пред гол.
Англиски: pass Албански: pasoj
Употреба: Спорт
Примери:
Крилото лесно го минуваше бекот и убаво центрираше.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК