а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

филм

мн. филмови
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 323
1. Тенка целулоидна лента со превлака чувствителна на светлина; служи за фотографирање.
Англиски: film Албански: film
Примери:
Внимавај при развивањето, зашто филмот е чувствителен.
2. лента за кинопретстава
Англиски: movie Албански: film
Примери:
филм во бои
3. (само едн.) Игра, настан од стварноста раскажани со помош на движечки слики и звук.
Англиски: cinema Албански: kinema
Употреба: Сцена
Примери:
документарен филм
долгометражен и кусометражен филм
научно-популарен филм
нем филм
цртан филм
4. кино-претстава
Англиски: movie show Албански: performancë
Употреба: Сцена
Примери:
Денеска се дава нов филм во „Вардар“.
5. Тенок слој, скрама, од нешто врз некоја површина.
Англиски: coating Албански: shtresë
Употреба: Технологија
Изведенки
филмче ср.
мн. филмчиња
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК