а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

уште

Вид збор: Прилог
Ранг: 104
1. Означува придоаѓање, додавање ново количество кон даденото или повторување на означеното дејство.
Англиски: more Албански: më shumë
Примери:
Уште десетина души дојдоа, откако си отиде ти.
Испи уште една чаша вино.
Тури уште малку.
Прочитај го писмото уште еднаш.
2. Временски - додавање, продолжување и определување на времето од еден даден момент.
Англиски: more
Примери:
Остани уште денеска.
Чекај уште малку.
Уште два дена ќе бидат готови чевлите.
3. Продолжување; траење на дејството или состојбата - до моментот кога се говори.
Англиски: still
Примери:
Уште јаде.
Уште си млада и зелена.
Уште не знае дека е син му загинат.
Детето уште не е заспано.
4. За означување време и место - дека дејството се извршило или ќе се изврши во посочениот ден или место.
Примери:
Уште денеска ќе појдам кај него.
Уште истиот ден, кога се спријателивме, веќе се скаравме.
Јас уште вчера знаев за тоа.
Уште како дете.
Уште во младоста.
Уште таму ти реков дека немам пари.
Уште во Париз разбравме дека сте болни.
5. При компаратив - за засилување.
Англиски: more
Примери:
Сестра ѝ е уште поубава.
Тој е уште помајстор од тебе.
Уште повеќе.
Дури и уште повеќе.
6. При негирање: пред да.
Англиски: before
Примери:
Уште не го испитал, а го оценува.
Уште недојдена војската, ние избегавме.
7. сè уште
Англиски: still
Примери:
Сѐ уште не добив одговор.
Сѐ уште е во опасност.
Сѐ уште немам детали.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК