а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

удар

мн. удари
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 793
1. На еден предмет во друг.
Англиски: blow Албански: goditje
Примери:
Каменот пукаше под тешките удари на чеканот.
2. За звукот од удирањето.
Англиски: stroke Албански: goditje
Примери:
Оттука можевме да ги слушаме ударите на градскиот часовник.
3. На војска во војна.
Англиски: attack Албански: sulm
Употреба: Воен термин
Примери:
Под силните удари на нашите единици, непријателот ги напушташе позициите во панично бегство.
4. Голема душевна болка.
Англиски: blow Албански: dhimbje
Употреба: Преносно значење
Примери:
Неговата смрт беше за неа тежок удар.
5. Државен удар.
Англиски: coup d'état Албански: grusht shteti
6. Казнен, слободен удар.
Англиски: kick Албански: shkelm
Употреба: Спорт
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК