а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

убие

убијат, убијам; уби; убил; убиле
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 670
1. Усмрти, лиши од живот човек или животно.
Англиски: kill Албански: vras
Примери:
Го зеде пиштолот и си ја уби жената.
Го уби со студено оружје.
Падна тула и го уби.
(разг.) Ќе те убијам како пес (куче).
2. За град, слана, мраз - столчи, попари, изгори.
Англиски: damage Албански: dëmtoj
Примери:
Градот ги уби полињата.
Мразот ги уби посевите.
3. Причини големи маки, упропасти.
Англиски: destroy Албански: mbys, shkatrroj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Оваа досадна работа ќе нè убие.
Го убија грижите.
Тоа него ќе го убие.
4. Направи да исчезне, да помине нешто, уништи.
Англиски: suppress Албански: pres, shuaj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Му ја уби волјата за работа.
Супата ми го уби апетитот.
Да се напијам, да ја убијам тагата во мене.
Му го уби гласот, угледот.
Да ја убиеме досадата.
Да го убиеме времето.
5. повреди
Англиски: injure Албански: vras, lëndoj
Примери:
Падна и си ја уби ногата.
6. (се убие) Лиши се од живот, усмрти се.
Англиски: commit suicide Албански: mbytem, vritem
Примери:
Ако ме оставиш, ќе се убијам.
Тоа (ти) е да се убие човек.
7. (се убие) Со глаголски именки или прилози - означува дека дејството се вршело или ќе се врши со напор, долго и интензивно.
Англиски: toil Албански: mbys, këpus
Примери:
Се убив од работа (работејќи).
Се убив од докажување (докажувајќи), и пак ништо.
8. (се убие) се повреди
Англиски: hurt Албански: vras, lëndoj
Примери:
Се убив во ногата.
Изрази
(клетва) Бог да те убие!
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК