а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

убеди

убедат; убедиш; убедивме
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 2315
1. Увери во нешто, натера да поверува во нешто.
Англиски: convince Албански: bind
Примери:
Тој ги убеди сите во исправноста на својата постапка.
Го убедив дека не знае доволно.
Како да ги убедиш гласачите дека ако гласаат за промена на изборите нема да се смени само бојата туку и суштината на владеењето?
2. Наговори, натера, склони некого да направи нешто.
Англиски: persuade Албански: bind
Примери:
Го убеди да не гради стан.
3. (се убеди) се увери
Англиски: convince Албански: bindem
Примери:
Најпосле се убеди дека е подобро да оди в планина отколку да остане дома.
Откако ме претресоа, се убедија дека немам пари.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК